614
Грција би требало да ја отвори границата на 14 мај и да дозволи влез за граѓаните на Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или со потврда за вакцинација против Ковид- 19, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Овие информации му ги дал грчкиот министер за туризам Харис Теохарис при последниот телефонски разговор што го имале минатата недела.
Засега не се знае дали С. Македонија ќе биде во групата земји за чии граѓани ќе биде допуштен влез во Грција и со негативен брз антигенски тест. Филипче рече дека за тоа се чека одлука од грчката Влада.