Се обидува ли некој да направи лажна криза: Австриски медум објави дека во земјава влегле 1000 мигранти

by Fokus

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите на виенскиот весник „Естерајх“, за надводно влегување на 1.000 мигранти на македонска територија од Грција. Според извори на „Фокус“ од Австрија, овој весник се дели бесплатно и во принцип е познат по пласирање на неточни информации.

Инаку, „Естерајх“, повикувајќи се на наводна фотографија која ја добиле од разузнавачките служби, покажува група на мигранти од околу 1.000 лица на еден градски плоштад во Македонија. Веста е објавена токму кога австрискиот канцелар, Себастијан Курц, истакна дека постои тројна безбедносна мрежа во одбраната на ЕУ по повторувањето на мигрантската криза од 2015 година, која предвидува дека ако мигрантите ја пробијат грчката граница, ќе бидат запрени во Западен Балкан. Тој нагласи дека актуелната ситуација не е случајност, туку свесно организиран напад од Турција.

Притоа, во веста никаде не е наведено  за кој град во Македонија се работи, но фотографијата и информација експресно беше објавена во повеќе австриски и српски медиуми.

МВР соопшти дека состојбата со бегалците е редовна, и дека нема никакво ниту нарушување ниту пак зголемување на бројот на мигрантите кои од Грција влегле во Македонија.

 

Поврзани новости