Се обидел да украде пари од аптека, го фатило обезбедувањето

by fokus

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои основано сомнение дека се обидело да изврши кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 во врска со чл.19 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 27 декември влегол во аптека на бул. „Климент Охридски“ и се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на една вработена која се наоѓала зад работниот пулт, па од неа побарал да му ги даде парите. Оштетената, исплашена за сопствениот живот, се стрчала кон магацинот, а осомничениот тргнал кон неа. Во тој момент од магацинот излегол работник од агенцијата за обезбедување, кој го спречил осомничениот во намерата и го оттргнал од вработената.

Со оглед на тоа што јавниот обвинител оцени дека во конкретниот случај постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори кривичното дело, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Поврзани новости