624
Дваесет и осумгодишен велешанец вчера се обидел да се отруе, испивајќи средства за чистење во домаќинството.
Според портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, лицето испило половина литар течност ,,Доместос’’ и 50 милилитри од течноста ,,Арф’’. –
„Вчера во 19.15 часот во ЈЗУ Општа болница- Велес е донесено 28-годишно лице, кое се затруло со испивање на ,,Доместос’’ и ,,Арф’’.
По извршениот лекарски преглед е констатирано дека лицето е во животна опасност и истиот со возило на Брза Помош е однесено во Државна болница – Скопје на понатамошно лекување – потврдија од СВР Велес.
В.К.