Се обидел да ги раздвои, па бил прободен со нож во срце: Обвинение за кавадарчанец

by Fokus

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на возраст од 46-години, лишил од живот едно лице, нанесувајќи му два убоди со нож во пределот на градите. Настанот се случил на 15.11.2021 година, при меѓусебна тепачка на обвинетиот со трето лице, во дворот на куќа на улицата „Методија Џунов Џикот“ во Кавадарци.  Оштетениот се обидел да ги раздвои. Меѓутоа, обвинетиот му нанел повреда – убоден канал во срцето, па оштетениот починал на пат кон болница.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Кавадарци достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​​

Поврзани новости