Се нуди награда од 25 илјади долари за пронаоѓање на исчезнатата актерка Шабани од Скопје

by Fokus

Американските власти нудат награда од 25 илјади долари за корисна информација која ќе помогне во пронаѓањето на студентката по актерство од Скопје, Адеа Шабани.

Според полицискиот оддел во Лос Анџелес, 25-годишната Адеа исчезнала на 23 февруари, во 11 часот под сомнителни околности.

„Последен пат е видена во блок 1700 во Wilcox Avenue, неколку блокови одалеченост од познатиот кинески театар во центарот на Холивуд, не многу далеку од местото каде што живеела. Пријателите изјавиле дека ја оставила вратата отклучена, што подразбира дека очекувала брзо да се врати. Загрижените пријатели ја пребарувале областа, надевајќи се дека ќе пронајдат некакви траги, а нејзината мајка веднаш допатувала од Македонија, јавуваат албанските медиуми.

МИА

Поврзани новости