493
Европол ги предпредува земјите-членки дека на пазарот се појавуваат лажни производи за лична заштита и фалсификувани тестови за Ковид-19.
Во интерниот документ што го објави германскиот весник „Шпигел“ се наведува дека криминални банди се обидуваат да профитираат од кризата.
Користејќи го глобалниот недостаток на заштитна опрема, тие им нудат на државните институции и болници фалсификувани тестотви за Ковид-19, како и целосно несигурни и неупотребливи заштитини маски и дезинфекциски средства.
Според весникот, германските власти веќе регистрирале пораст на кривични дела од такви измами, а дел од фалсификуваните производи се нудат и на интернет.
Европол посочува дека ќе има бран и на понуди од лажни вакцини за ковид-19.