Се нормализира превозот во Куманово, промени и во мерките за лицата што доаѓаат од странство

by Fokus

Владата на денешната седница го прифати предлогот за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово, соопшти премиерот Оливер Спасовски на .

Покрај оваа, на денешната седница се донесени и измени во мерките за лицата што доаѓаат од странство.

„На оваа седница е прифатен и предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство со кој патниците од странските земји што влегуваат на територијата на Република Северна Македонија, по завршување на временскиот период од 21 ден или 14 дена во задолжителен државен карантин, веќе нема да бидат упатувани на дополнителна домашна самоизолација“, објави Спасовски.

 

Поврзани новости