396
Дваесет и петгодишен штипјанец нападнал полицаец и побегнал, информираа од МВР.
Според информациите во полицискиот билтен, вчера во 17,30 часот во Штип, на улица “Петар Брашнаров“, при преземање на службени дејствија поради нарушен јавен ред и мир, И.М.(25) од Штип кој не бил учесник во пријавениот настан, физички нападнал полициски службеник, по што го напуштил местото на настанот.
По преземени мерки од страна на полициски службеници, И.M. е пронајден и приведен, и по извршено алкотестирање констатирано му е присуство на алкохол во организмот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.