Во последните две недели постепено опаѓа бројот на заразени пациенти со ковид, па така само од минатата недела досега бројката се намалила за 40 отсто, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје.
Но, сепак пак доаѓаме до бројот на тестирања, кои исто така во последните две недели се намалени.
„Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 21.02.2022 до 27.02.2022г., Тестирани се вкупно 19.217 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,9% во однос на минатата недела“, се наведува во извештајот.
Во однос на претходната недела, се забележи намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 43,6% во возрасната група од 10-19 години и 43,5% кај лицата на возраст од 50-59 години.
Со завршувањето на февруари се очекуваше да дојде и до спласнување на последниот бран, кој за првпат достигна бројки од над 2.000 носители на опасниот вирус. Болниците во тој период беа преполни, а лекарите не можеа да постигнат со работа, со оглед на тоа што и покрај недостигот на кадар, голем дел од нив се заразија по втор или третпат.
Според проценките на дел од здравствените работници, се очекува мирен период и бројките уште да паѓаат, но тоа не значи дека тоа е точниот број на заразени. Тоа е само оние кои се тестираат, а се смета дека дури за трипати е поголема бројката на граѓани, кои се заболениот од ковид 19.
Поголем дел од граѓаните на своја рака прават тестови од аптеките, па така не влегуваат во официјалните бројки на заразени пациенти. А, многу од нив го прележале вирусот и без симптоми, поточно без да знаат дека се во себе го носат ковид 19.
Сепак, се уште високо на скалата е смртноста на заболените од ковид. Досега во земјата се направени вкупно 1.890.628 тестирања на ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.262, бројот на оздравени пациенти е 284.756, на починати е 9.010 а бројот на активни случаи изнесува 3.496.
И.М.