Се намалува бројот на пожари во Македонија

by Fokus

Регионалниот центар за управување со кризи на Штип информира дека е локализиран пожарот во атарот на селото Владимирово, општина Берово на планината Готен. Во однос на другите градови, забележани се помали интервенции, при што противпожарните екипи дејствувале веднаш, информира Илија Бојаровски од ЦУК на денешната прес-конференција.

„Во врска со пожарот на планината Готен, станува збор за крак од пожарот на планината, што беше започнат од струмичката страна, над езерото Турија. Во гаснење на пожарот учествувале шумското стопанство Малешево-Берово и подружницата на Национални шуми, Равна река од Пехчево“, информира Бојаровски

Поврзани новости