279
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека со 5.000 амандмани ќе го блокира носењето на Законот за амнестија на утрешната собраниска седница.
Министерот за правда, Кренар Лога пак најавува дека на пратениците ќе им додели албум со слики од затворите и нивната состојба таму.
Освен ВМРО-ДПМНЕ амандамни за Законот најави и коалициската СДСМ.
И заменик-министерката Викторија Аврамовска, како и премиерот Ковачевски претходно, најави амандмани од СДСМ, доколку со предлог законот се предвидува можност да се амнестираат осудени лица за убиството кај Смилковско Езеро.
Законот ќе се носи по скратена постапка, а тоа значи дека ќе се прескокне делот каде што има општа и теоретска расправа за законот и директно ќе се оди на амандманска расправа.