Можност за отповикување од функцијата градоначалник е една од новините што треба да биде содржани во новиот закон за локална самоуправа, најави вчера министерот за локална самоуправа Златко Перински.
Актуелниот Закон за локална самоуправа, кој е стар над 20 години, нема можност за отповикување од функцијата градоначалник поради што избраните градоначалници остануваат на функцијата до крајот на мандатот. Според Перински, треба да се интервенира во Законот преку широк консензус и да се слушнат и интернационални експерти.
– Токму затоа сметаме дека треба да се интервенира во овој Закон преку широк консензус, да слушнеме и интернационални, но и домашни експерти, да најдеме заедничко решение за да ја смениме оваа аномалија на Законот, рече Перински на вчерашната прес-конференција по повод 100 дена од работата на Министерството за локална самоуправа.