Се најавува ли заминување од „Џузепе Меаца“: Икарди не е веќе капитен на Интер

by fokus

Фудбалерот на Интер, Мауро Икарди веќе нема да биде капитен на тимот. Прес-службата на клубот објави дека голманот Самир Хандановиќ е назначен за нов капитен.

Причините за оваа одлука не се соопштени. За потсетување, напаѓачот не се согласи на нов договор со „нероазурите“.

Икарди бара 7,5 милиони евра годишно, без да ги земе предвид бонусите. Таквата плата би го направила втор најплатен играч во Серија А по Кристијано Роналдо од Јувентус.

Сегашниот договор на Аргентинецот со Интер истекува на 30 јуни 2021 година. откупната клаузула за предвремен раскин на договорот изнесува 110 милиони евра.

Поврзани новости