На денешното рочиште во Кантоналниот суд во Сараево, Армин Берберовиќ се изјасни за невин за предизвикување на тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија лекарките Азра Спахиќ и Алма Суљиќ.
Родителите на убиената Алма Суљиќ по сослушувањето зборувале за неговата одлука да се изјасни за невин, пренесува Српскаинфо.
– Не знам дали ми беше полошо денот кога се случи несреќата, денот кога го закопавме детето или овој ден. Да се доживее вакво нешто – изјави мајката на убиената Алма Суљиќ, а потоа таткото продолжи:
– Не можам да поверувам. Дали е тоа негово затемнување, неговата нечовечност или советување од некого. Очигледно советување од некого. Влегуваме во непотребен, болен процес, кој само ќе им наштети на сите. Да ни нанесе дополнителен стрес како семејства, жртви и целото општество, за нешто што е толку очигледно и јасно. И дека овој процес сега е на сметка на државата, односно на даночните обврзници. Неверојатно е, но законот е таков што мораме да ги следиме тие процедури – рече тој.
Нагласија дека не се согласуваат на никакви договори и отстапки. Тие додаваат дека „20 години се смешни за две убиства“.
– Апсолутно не се согласуваме на никакви договори или отстапки. Ние бараме максимална затворска казна дозволена со закон. И апелираме до сите институции под итно да го сменат законот каде казната за вакви прекршоци, вакво дивјаштво на патиштата најмалку би се удвоила. 20 години се смешни за едно или две убиства – изјави мајката на Алма.
На прашањето како ја доживеале изјавата на Армин Берберовиќ за невин, нејзиниот татко одговорил.
– Неверојатно е. Не ми е јасно како некој може да даде таква изјава и покрај сите настани и се што поминавме – ние и семејството Спахиќ. Ова е навистина уште еден дополнителен стрес. Се надевав дека има трошка човечност, ронка лице и човечност. Очигледно згрешив и ова е болно. Ова би можел да го споредам со денот на несреќата – изјави таткото на убиената Алма.