575
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се надева дека до крајот на годината ќе има вакцина против корона вирус и дека Србија ќе биде во првите 30 земји кои ќе ја обезбедат.
„Ние сме во разговори со земја која веќе ја заврши вакцината и која веќе одредено време на популацијата ѝ ја дава таа вакцина. Се надеваме дека до крајот на годината ќе ја имаме вакцината во Србија“, рекол Вучиќ, пренесе „Б92“.
Српскиот претседател додал дека државата ќе се потруди да биде меѓу првите 30 земји во светот кои ќе ја имаат вакцината.
Тој кажал дека во следните два – три дена се очекува зголемен број на заболени.