61
Доаѓам од НАТО, на денот од основањето на НАТО и членството на Северна Македнија во НАТО. Јас почнувам од НАТО, се надевам дека ќе ја завршам мисијата во ЕУ како претседател, истакна кандидатот за претседател од редовите на ДУИ, Бујар Османи.
„Овие избори се народен референдум кој ќе ја определи иднината на оваа држава. Имајќи ја можноста од граѓаните да бидат дел од најважните интегративни процеси, сметам дека ги имам контактите, имам посветеност, за да го остварам сонот на секој граѓанин за европска иднина“, додаде Османи.
Тој кажа дека е поддржан од девет партии. Кампањата ќе биде осврната на делот Македонија да стане членка на ЕУ.
„Го почнуваме победничкиот караван, слушајќи ги барањата на граѓаните“, додаде Османи.