477
„Не е Али Ахмети она што си го замислува Мицкоски дека е, па му го крева рејтингот, истакна во интервју за „Утрински брифинг“, лидерот на Алијанса за Aлбанците, Зијадин Села.
„Во културата кај Албанците има нула инвестиции. Не може Охридскиот рамковен договор да ни биде прв збор во секој разговор. Децата на бранителите имаат право бесплатно да студираат на Тетовскиот универзитет, а децата на борците од УЧК кои се залагаа за легализација на истиот тој Универзитет го немаат тоа право, вели Села и додава дека заслугите не се на Ахмети. туку на оние кои си го дадоа животот за таа работа“, тврди Села.
Тој додава дека Ахмети е класичен манипулатор и се надева дека еден ден ќе заврши како Груевски.