Се мобилизира механизација за пругата кон Бугарија, најави Бочварски

by Фокус

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека за стартот на активностите за продолжување на изградбата на пругата кон Бугарија се прават сите подготвителни постапки и оти наскоро ќе почне реализацијата.

-Наскоро ќе бидеме на терен, се прават сите подготвителни постапки и ќе влеземе во реализација и со механизација да направиме увид на градежните работи – рече денеска Бочварски.

Тој истакна дека избраните изведувачи за првите две од вкупно трите делници на пругата, Куманово-Бељаковце и Бељакоце-Крива Паланка, ја мобилизираат својата механизација и стручните тимови за да влезат во реализација.

Поврзани новости