618
Од денеска се менуваат протоколи за кога ќе има дојава за бомба, откри премиерот Димитар Ковачевски. Поточно како што појасни, тимовите на МВР повторно ќе прават проверки за да бидат сигурни дека дојавите се лажни, но наставата ќе продолжи.
-Не сме ја загубиле сајбер-војната и нема да ја загубиме. Ова се случува во голем број на држави членки на НАТО. Веќе МВР менува одредени протоколи, посочи премиерот додавајќи дека денеска повторно ќе имаат состанок со раководството на МВР и Министерството за образование, за носење на дополнителни мерки, со цел да се овозможи редовна и непречена настава.