„Се лажеме дека ќе биде лесно против Македонија“

by Fokus

Некогашниот украински репрезентативец, Евген Левченко, ги предупреди своите сонародници во пресрет на дуелот со Македонија.

Според него, против нашата селекција нема да биде воопшто лесно, а тоа што примивме три гола, не значи дека нашата дефанзива е лоша.

„Македонија прими три гола, но и покрај тоа знае многу добро да одигра во дефанзива, имаше свои шанси и свои момент, но не ги искористија. Затоа сигурно дека не чека тешка задача за да ги освоиме бодовите, Пандев и во тие години игра на врвно ниво, тешко ќе биде да се чува. Тоа што примија три гола не значи дека не се бранат добро. Исто така треба да бидеме свесни дека имаат фудбалери кои знаат добро да одиграат и во офанзива, Елмас е играч кој знае да освои простор, тука и е Барди. Се лажеме дека ќе биде лесно со Македонија“, изјави Левченко.

Поврзани новости