Драги наши сограѓани и сограѓанки,
Патот што го зачекоривте по улиците на Скопје за враќање на партиски заробената држава во рацете на граѓаните е долг, но единствено праведен.
Ја делиме вашата јасна определба за враќање на слободата како прв предуслов за демократија и уривање на актуелно воспоставениот автократски систем на вледеење. За да се организираат кредибилни избори што понатаму треба да резултира со департизирање на институциите кои наместо на партиите, повторно ќе се вратат во служба на граѓаните, клучни се вашите барања и ние ги поддржуваме:
– Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО);
– Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија; Поддршка на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО; Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни;
– Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата; Формирање на експертска (преодна) влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.
Улиците во Скопје кои секоја вечер се преполни со граѓани кои се одважија да си ја вратат слободата, се сила која веќе ниту една партија не може да ја игнорира. Оттука, преговори без да се вклучи граѓанскиот сектор се однапред осудени на неуспех.
Да живее Македонија! Да живее Шарената револуција!