Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми во интервју за Отвореното студио на 1тв вели Управата комплетирала уште два случаи во рамките на истрагата за „Скопје 2014“, а кои се однесуваат на изградбата на два објекти – оној на „Водовод и канализација“ и на Македонската филхармонија.
-Тие се звршени и очекуваме ЈО да каже дали ќе се поднесат соодветни пријави, вели тој.
Муареми за 1тв, објасни и дел од сомневањата за овие случаи кои се поврзани со изведувачот Алпине бау.
-Се работи за извлечени многу парични средства. Прашањето е како дојде до стечај на изведувачот. Кога ќе се анализира случајот ќе се види дека многу пари се извлечени во готово без да се завршат работи. Се работи за фимата Алпине Бау. Се пријавуваат повеќе фирми како подизведувачи дека наводно завршиле некоја работа, а во позадина е само да се извлечат парите, вели Муареми.