Манифестацијата ,,Златна бубамара на популарноста” ќе се одржи на 21-ви февруари во ВИП Арена Борис Трајковски во Скопје.
Слоганот на претстојното забавното шоу е -Да се предадеме, а организаторите во свој стил ја најавија програмата за настанот кој секоја година привлекува голем број на јавни личности во пубиликата и е еден од најгледаните пред малите екрани.
-Драги наши отруени и запоставени граѓани, доколку сè уште верувате дека има останато некој нормален во нашата држава – доаѓа денот кога можеме да се собереме и заедно да провериме, да се проветриме и да уживаме во најновото издание на ,,Златна бубамара на популарноста”.
Време е да се предадеме – на музика, смеа и работа. Откако се оддадовме – на лажење, крадење и неверства…Ова е можност за просветлување и воскреснување на надежта.
Како народ што си го бара своето, ќе Ве чекаме со камшик и Шик – пик – миг, па заедно со игра, песна и насмевки да ги поздравиме нашите најголеми уметници.
Ве молиме – немојте да бојкотирате, блокирате, манипулирате или да бегате – за сите вас има по едно „седиште“ во седиштето на ,,Златна бубамара на популарноста”.
Од нас добивте 22 години – па кој ви има дадено повеќе? ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ – НА СМЕА,МУЗИКА, МУДРОСТ И РАБОТА – порачаа од организацијата.
Вики Клинчарова