Се користи лажна адреса на министерството за здравство за ширење невистини, информираа од МЗ

by Fokus
Министерството за здравство информира дека меѓу граѓаните се шири е-маил со невистината содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство.

„Известен е Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи кој веќе постапува за овој случај. Официјалната е-маил адреса на ресорното Министерство е: contact@zdravstvo.gov.mk. Упатуваме апел до граѓаните да не потпаѓаат на оваа манипулација. Ширењето на лажни информации, особено во овие кризни времиња, е опасно за здравјето и безбедноста на граѓаните и штетно за целото општество – се наведува во соопштението од МЗ.

Поврзани новости