Се јавил во амбасадата на Косово и се заканил дека ако не го примат, ќе ги нападне

by Fokus

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

На 6 ноември, осомничениот упатил сериозна закана дека ќе нападне по животот и телото на повеќе службени лица, вработени во Амбасадата на Република Косово во Скопје, предизвикувајќи чувство на несигурност, загрозеност и страв. Тој се јавил од мобилен телефонна службениот телефон во дипломатското претставништво и се заканил дека ако не биде примен на итна средба, ќе ја нападне Амбасадата и вработените.

Со цел неперечено водење на постапката и обезбедување на присуството на осомничениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа, забрана за посетување на Амбасадата на Република Косово, како забрана за приближување и воспоставување контакт со амбасадорот и со други службени лица вработени во Амбасадата.

Поврзани новости