890
Мистериозниот осми патник кој бил на списокот на преживеани од автобуската несреќа, односно впишан во списокот на примени патници во болницата Пирогов, бил ставен на тој список по грешка.
Шади Салех таа вечер бил примен во болницата поради скршеница на раката, а од болницата по грешка го вклучиле на списокот на примените од македонскиот автобус кој изгоре.
Салех вечерва се јавил во редакцијата на Бугарската национална телевизија и објаснил дека тоа нема никаква врска со несреќата.
Тој е бугарски државјанин, а во саботата бил примен на трауматолошкиот оддел на Пирогов поради скршеница на раката.
Излегува дека во клиниката по грешка го внеле во списокот со повредени од автопатот Струма. Салех веќе е отпуштен од болница.