Британката Хајди Аган, која многумина ја нарекуваат двојничката на Кејт Мидлтон, се огласи по тврдењата на социјалните мрежи дека видеата и фотографиите не се на принцезата од Велс, туку на Хајди Аган.
„Очигледно имаше шпекулации за тоа дали Кејт Мидлтон е во тоа видео. Добив многу пораки на социјалните мрежи. Луѓето мислеа дека сум јас, но не беше така. Бев на работа во тој момент, па можам да кажам дека 100 проценти сум сигурна дека во тоа видео се Кејт Мидлтон и принцот Вилијам. Значи Кејт е жива, можеме да бидеме сигурни во тоа. Сега се отиде предалеку. Започна како шега за тоа каде е Кејт, но сега навистина се претвори во драма. Ова треба да престане“, изјави Хајди за „Mirror“.
View this post on Instagram
Веќе подолго време Хајди Аган има профил на Инстаграм наречен „Кејт Мидлтон двојничка“, каде објавува различни фотографии на кои ја покажува нејзината сличност со принцезата.
Хајди е еден вид ѕвезда во Велика Британија и живее од својот изглед веќе 12 години. Таа купува облека каква што носи Кејт Мидлтон, се шминка како неа, носи сличен накит и иста фризура.
View this post on Instagram
Добила илјадници предлози за брак, Хајди признала дека добивала и смртни закани.
„Кога првпат се случи, бев изненадена од количината на омраза што доаѓаше од луѓето, но сега научив дека е така како што е. Секој има свое мислење“, објасни таа.