Се изведуваат докази на судењето за организаторите на „27 април“

by Fokus

Со изведување на предложените материјални докази од поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието.

Ваљановски, продолжи со читање делови од стенографските белешки од неколку продолженија на конститутивната седницата во Собранието.

Тој прочита делови од обраќањето на Зоран Заев од собраниската говирница, образложувајќи дека тој во смс пораката само ги цитирал зборовите на Заев, дека ќе изберат претседател на Собранието и во ходник.

Вељановски ги прочита имињата на пратениците кои добиле збор или барале процедурално, меѓу кои Оливер Спасовски, Илија Димовски, Крсто Муковски, Зекирија Ибраими и други, за кои посочи дека иако неколку пати ги повикал да се откажат од правото на реплика.

Следен доказ за презентирање е видео запис од продолжението на конститутивната седница на Собранието на 27 април 2017 година, што ќе биде презентиран по паузата.

Одбраната на Вељановски, има повикано и околу 50 сведоци, пратеници кои треба да бидат сослушани на некои од следните рочишта.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Поврзани новости