592
Еколошка хаварија утрово се случи во рударскиот град Македонска Каменица. Јаловина или отпадната вода од производството на олово-цинков концентрат, која се слева во хидројаловиштето или рударското езеро истече по течението на Каменичка река.
Според проценките на жителите и риболовците излеани се околу 3.000 метри кубни јаловина, кои потоа одат во езерото Калиманци, од каде се наводнуваат сите полиња на источниот регион, а од реката Брегалница вода за пиење добиваат неколку општини од овој регион.
Од рудникот Саса велат дека инцидентот со јаловиштето се случи рано утринава, а причината биле дефект на насипот на јаловиштото. Инспектори и универзитетски професори се на увид, а општианта веднаш побарала да се санира коритото на Каменичка река.