МНР јавно го осуди таквото однесување. Осуди стигнаа од сите политичари и партии во Македонија а Бојко Борисов уште истата ноќ ни соопшти дека во Македонија уште не сме научиле да ги почитуваме европските вредности”.
Не сретнав анализа или размислување за тоа од каде тој гнев кон Бугарија на фудбалската публика во Македонија.
Но факт е дека тој гнев кон Бугарија и Бугарите систематски се создава со години со политиката и изјавите на бугарските политичари.
Со години сите сме сведоци на негирањето на македонската нација, јазик ,историја. Сведоци сме на брутални уцени и препреки од страна на бугарскиот национализам на нашиот пат кон ЕУ. Сведоци сме на најнедоличните изјави и омаловуважња од Каракачановци, разни Џамбаски ,историчари како Ангел Димитров и низа политичари на највисоки позиции во Бугарија.
Нема ништо европско во нивното однесување кон нас и навредливо е кога тие ни говорат дека ние “уште не сме научиле да ги почитуваме европските вредности”.
Македонската политика и политичарите веќе подолго време прават се за да не ги навредат Бугарите и бугарските политичари и молчат пред низа изјави кои реално го зголемуваат гневот на Македонците секојдневно.
Осудите на неспортското однесување на публиката се во ред и никој не,сака да ги оправда, ама да ни држат лекција за непочитување на европските вредности оние од Бугарија кои најгрубо ги погазуваат тие вредности е исто така иритирачко и дополнително го зголемува гневот на масите кои на никого не мора да даваат отчет.
Примерите за цивилизирано однесување на спортските публика на Германија и Англија денес и покрај тоа што тие биле во војна пред 70 години не држат воопшто. Тие две земји веќе 70 години градат искрено пријателство и сојузништво со меѓусебно признавање и почитување. Кога тоа и таков однос ќе почуствуваме од Бугарија и кај нас климата ќе се смени.
Оттука со осудата на гневот редно е малку да се позанимаваме со неговите извори и поттикнувачи. Нема тој да се смали ниту да се спречи со нови навреди и омаловажувања од нивна страна и со големи извинувања од наша.
А, гневот е опасна работа. Тој го заматува умот и ја отфрла секоја можност за рационално просудување и решавање на недоразбирањата.
За тоа се веројатно свесни и оние од Бугарија што свесно и систематски го поттикнуваат.