Се излеа Дунав во Будимпешта, водата стигна до зградата на Парламентот

by Fokus

Се излеа Дунав во Будимпешта, а водата стигна до зградата на унгарскиот Парламент во Будимпешта.

Според прогнозите, водостојот на Дунав во главниоѕ град на Унгарија викендов ќе достигне околу 850 сантиметри.

- Advertisements -

Унгарскиот премиер Виктор Орбан утринава изјави дека состојбата со поплавите сè уште е сериозна и тешка.

„Поради обилните дождови и поплавите, ситуацијата е критична во цела Централна Европа“, објави Орбан на социјалната платформа Х.

Силни ветрови и невообичаено обилни врнежи погодија делови од Австрија, Чешка, Унгарија, Полска, Романија и Словачка.

Најмалку 22 лица загинаа во екстремни временски услови и поплави предизвикани од циклонот Борис во централна Европа.

Поврзани новости