По објавувањето на дел од записникот за случајот „Рекет“, од страна на сајтот „Инфомакс“, односно од изјавата која Орце Камчев ја дал пред обвинителката Вилма Русковска, од обвинителството истражуваат од каде протекол документот.
Засега е познато дека овој документ можел да протече од обвинителството или од Кривичниот суд, каде што бил испратен заедно со барањето за притвор на обвинителката Катица Јанева. Од обвинителството за „Фокус“ официјално потврдуваат дека примерок од записникот не добил Камчев, туку само го потпишал.
Неофицијално пак дознаваме дека обвинителството веќе има сознанија од каде е излезен записникот, бидејќи од објавеното се гледало дека записникот бил залепен за одредеден предмет, што е одреден сиглал за нив.
Исто така засега е потврдено дека веродостојна е само првата страница од записникот, а останатиот дел кој е прераскажан не соодвејствувал во целост со останатиот дел од изјавата на сведокот Камчев.
Валентина Вурмо