Со цел подобрување на моменталните расположливи услови на постоечкиот Прифатен центар за странци, во тек е изградба на нов објект на Прифатен центар за странци, финансиран со средства од ЕУ во рамките на Националната ИПА програма за 2016 година, чиј главен корисник е МВР, вели министерот Спасовски.
„Според препораките на бројни меѓународни организации задолжени за заштита на човековите права, како и од Народниот правобранител како Национален превентивен механизам, нотирана во Посебниот извештај за состојбите во Прифатниот центар за странци во Гази Баба доставен во 2019 година, неопходно беше „Да се преземат конкретни мерки и активности за што е можно побрза дислокација на Центарот во друг соодветен објект“, што практично значеше изградба на нов објект на Прифатниот центар за странци, кој ќе ги исполнува сите стандарди за престој на лица, но и безбедносните стандарди за нормално функционирање“, додава тој.