Владата ја разгледа и усвои Информацијата за формирање на „Управен комитет на Конзорциумот за зајакнување на изборните и политичките процеси и Владата на Република Македонија за поддршка на спроведување на клучни реформи“.
Во рамките на оваа информација, Владата ги задолжи ко-претседавачите на Управниот комитет, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и заменик претседателката на Владата и министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, да ја информираат Владата за напредокот во реализација на предвидените активности најмалку на квартално ниво.
Како што велат од Владата, Управниот комитет има за цел да обезбеди поддршка за Владата на РМ во идентификувањето и развивањето на приоритети за техничка помош за зајакнување и за спроведување на реформите со зајакнување на капацитетите во сферата на доброто владеење.