Се додека постои Ковид 19, министерот за здравство ќе може да ротира здравствени работници

by Фокус

Владата денеска ја дополни Уредбата за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба, со што се уредува воведувањето на коронавирусот КОВИД-19 во групата на заразни болести за кои постои законска обврска за пријавување од страна на лекарите и здравствените установи како причина за заболување или смрт.

„Со Уредбата за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба, која исто така беше усвоена на оваа седница, се уредува можноста министерот за здравство, за целото време на постоење на заразната болест КОВИД-19, а заради ефикасно, ефективно и навремено дијагностицирање, третман, лекување, нега и рехабилитација на лицата заболени од оваа болест, по потреба, со наредба да упатува здравствени работници, односно здравствени соработници и помошно-технички лица вработени во јавна здравствена установа во мрежата на работа во друга јавна здравствена установа во мрежата“, информираа од владата.

Воедно, како што соопштија од таму, на денешната седница е дополнета и Уредбата за примена на Законот за здравственото осигурување за време на вонредна состојба, со што на Фондот за здравствено осигурување му се дава можност да го утврди начинот и активностите за остварување на правото на лекови на осигуреното лице без приложување на рецепт.

Поврзани новости