Се додаваат кревети во велешката болница за прием на болни од Ковид-19

by fokus

На Инфективното одделение при Опшата болница во Велес поради зголемениот прилив на болни од Ковид-19, е зголемен капацитет за 11  легла, од постоечките 35 на 46 болнички легла.

До крајот на неделава ќе се додадат уште осум легла преку оспособување на некои простории на ова одделение, информира за МИА, др- Весна Неделковска Николава. Добра вест, вели таа, е што денеска од ова одделение се испишани девет излекувани пациенти.

Вчера на ова одделение со 35 легла целосно беше пополнет бројот на кревети, поради што раководниот тим на ЈЗУ Општа болница Велес  донесе одлука за дополнување на бројот на кревети.

Со денешното  пуштање дома на девет излекувани пациенти моментално на одделението се лекуваат 26 пациенти, од кои 24  позитивни на Ковид-19 и двајца сомнителни. Девет пациенти  се на кислородна поддршка.

Како што информира др Неделковска Николова, еден 41 – годишен пациент поради влошена состојба бил префрлен на Клиниката за Инфективни болести во Скопје.

Поврзани новости