Се бореше со алкохолот, а бившата му зеде половина од богатството: Мел Гибсон го слави 69-от роденден

by Fokus

Холивудскиот актер Мел Гибсон во текот на животот го следеа бројни скандали, но тој и понатаму е на врвот на листата на најуспешни и најпопуларни актери и режисери.

Актерот Мел Гибсон е роден во предградијата на Њујорк како шесто од единаесетте деца, а набргу потоа се преселил во Австралија каде ја започнал својата актерска кариера.

Мел Гибсон се прослави со улогата во „Лудиот Макс“, а улогата за малку не ја доби бидејќи вечерта пред аудицијата се скара со тројца мажи, па целото лице му беше деформирано. Откако воодушеви многумина со филмовите „Баунти“, „Смртоносно оружје“ и „Хамлет“, тој се пресели во режисерските води.

За филмот „Храбро срце“ во 1995 година доби два Оскари, за најдобра режија и најдобар филм. Речиси десет години подоцна, тој го режираше „Страста“, филм за последните 12 часа од животот на Исус Христос.

Гибсон со години се бореше со алкохолизмот. Тој беше обвинет и за хомофобични изјави, а неговото оправдување беше дека бил пијан кога изговарал недолични зборови. Во јавноста излезе видео на кое ја навредува својата поранешна девојка, исто така мајка на едно од неговите деца Оксана Григориева. Имаше и неколку сообраќајни несреќи, навредуваше Евреи затоа што смета дека тие се виновни за сите војни што се случија во светот…

И покрај тоа, многумина сè уште го почитуваат, а Гибсон се обидува да ги заборави лошите моменти од минатото и да се посвети на семејството. Тој беше во брак со Робин Мур од 1980 до 2011 година. Странските медиуми истакнуваат дека Гибсон и Робин, која е медицинска сестра, не се заедно од 2006 година, но таа официјално побарала развод дури во 2009 година. Со оглед на тоа што пред венчавката не потпишале никаков предбрачен договор, Робин добила половина од богатството на Гибсон по разводот.

Актерот со неа има седум деца – ќерката Хана и синовите Кристијан, Едвард, Вилијам, Луис, Мајло и Томас. Подоцна со руската кантавторка Оксана ја доби ќерката Лусија, а од 2014 година е во хармонична врска со Розалинд Рос, со која во 2017 година го доби синот Ларс. Така Гибсон има девет деца.

Актерот денеска го слави својот 69-ти роденден.

Поврзани новости