365
Денеска во Кривичниот суд се закажани судските рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Труст“ и „Тарифа“.
Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, како и две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.
На ред се доказите на одбраната, по што се очекуваат завршните зборови и пресудата.
Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.