Се бараат преживеани кај урнатата катна гаража во Њујорк

by Fokus

Многу автомобили се пропаднати во разрушената катна гаража во Њујорк, па со кучиња роботи се бараат преживеани и починати лица под урнатините.

Пет лица се повредени, а едно лице го загубило животот откако во областа на долен Менхетн рано утринава се сруши четирикатна паркинг гаража, која се наоѓа во близина на Универзитетот Пејс и њујоршката берза.

Засега не се знае кои се причините заради рушењето на градбата, но очевидци споделуваат видеа и фотографии на кои може да се видат катастрофални последици.

 

Поврзани новости