Се бараат подземни води во Кавадарци кои ќе се користат за наводнување

by fokus

Деновиве на иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев на повеќе локации низ Кавадарци се прават бушотини од по 50 метри за изнаоѓање подземна вода, во кои потоа ќе се стават пумпи со кои ќе се врши наводнување на околните зеленила, информираат од општината.

Појаснуваат дека се работи на фудбалските игралишта во Глишиќ, Марена, Сопот и Ваташа, фудбалските игралишта Тиквеш и Јасмин, кај споменикот на 12 Ваташки деца, потоа Парк Полана, Паркот на Револуцијата, на неколку локации во новиот центар на градот, како и во населбата Бел Камен.

-Ова значи дека секаде каде што ќе биде пронајдена подземна вода ќе се стават пумпи кои ќе се користат за наводнување. Овој проект кој е донација на Експлотек од Ваташа е од големо значење за Општина Кавадарци, бидејќи со него ќе се придонесе не само кон долгорочно штедење, туку и рационално користење на водата за пиење- изјави Јанчев.

Вики Клинчарова

Поврзани новости