733
Семејство од Скопје бара помош од хуманите граѓани за лекување на својата малолетна ќерка, која се соочила со сериозно заболување.
-Последните два месеци поминуваме низ тежок период. Нашата керќа Јована има сериозни здравствени проблеми и во изминативе недели е на интензивно лекување за кое се потребни големи финансиски средства. Не можеме сами. Отворена е наменска трансакциска сметка за донирање на средства за лечење. Секој финансиски допринос и поддршка ќе биде од голема помош, велат родителите на Јована.
Девојчето се лекува во приватна болница каде што долгот веќе надминал 15.000 евра.
„Фокус“ го споделува апелот за помош до сите хумани граѓани кои можат да донираат на следнава жиро сметка: