Кој е обвинителот за кој се утврди дека со години не ги работел предметите?

by fokus

Дисциплинската комисија предлага разрешување на обвинител откако утврдиле дека не постапувал по предметите во законските рокови.

Како што дознава “Фокус” станува збор за обвинител од скопското јавно обвинителство, Мартин Митревски кој со години не ги работел предметите.

Според нашите информации работел како обвинител околу 15 години. Во обвинителските кругови не се гледа никаква политика во неговото разрешување, сите коментираат дека не ги работел предметите.

Овој обвинител е непознат за јавноста, а во медиумските архиви може да се најде дека го водел предметот за големиот пожар во Македонска пошта и пред неколку години имал интерес да го води скопското обвинителство.

-Врз основа на изведените докази, Комисијата утврди дека јавниот обвинител без оправдани причини не постапувал по предмети во пропишаните законски рокови, со што значително била одолговлечена постапката во предметите. Со оглед на тоа и другите околности, одлучено е до Советот на јавните обвинители да биде поднесен предлог за разрешување на јавниот обвинител, велат од Обвинителство.

Оттаму официјално не го соопштуваат името и велат дека комисијата има обврска да ја штити доверливоста на постапката бидејќи е двостепена и одлуката мора да ја донесе Советот на јавни обвинители.

 

Поврзани новости