Се бара притвор за жената што се обиде да го убие партнерот пред казино во Аеродром

by Fokus

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Осомничената 46-годишна скопјанка, на паркинг на улицата „Никола Карев“, при вршење семејно насилство, со умисла се обидела да го лиши од живот нејзиниот поранешен партнер.

По претходна вербална расправија во казино, додека оштетениот играл на апаратите, осомничената во видно алкохолизирана состојба, започнала да крши чаши и да удира по апаратите за играње. Оштетениот и неговиот пријател излегле од казиното, но по нив излегла и осомничената. На паркингот го нападнала оштетениот со метални ножици и со сечивниот дел од ножиците му нанела два убоди и тоа во пределот на градниот кош – срцето и пределот на абдоменот.

Бидејќи постојат околности што укажуваат дека има опасност осомничената да се крие односно да се даде во бегство, постои основан страв дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз оштетениот, сведоците и вештаците, дека би можела го повтори кривичното дело односно ќе го доврши обиденото кривично дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Поврзани новости