На владината седница е донесена и Уредба со која заради прогласената вонредна состојба во државата се наложува ангажирање на целокупниот капацитет на организациските единици во рамки на Министерството за внатрешни работи, вклучително и полицајците – приправници.
Со оваа Уредба се врши прецизирање на периодот кога полицаецот-приправник ќе го полага посебниот односно приправничкиот испит и се утврдува дека испитот ќе се спроведе по завршувањето на вонредната состојба, а со цел овозможување редовно функционирање на државата и заштита на јавното здравје, а воедно спречување на ширење на вирусот корона (КОВИД-19).
– На овој начин припадниците на МВР добиваат засилување од 600тина припадници кои со целосни овластувања ќе можат да постапуваат. Поддршка за колегите кои во името на сите нас помагаат во борбата со овој вирус. Благодарност до Македонскиот полициски синдикат за предлогот и поддршката сите приправници, веднаш да добијат овластувања, напиша на Фејсбук, дополнителната министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.
Од денеска забраната за движење во цела држава започна од 16 часот до пет часот сабајле, а викендов ќе биде забрането движење цел викенд.