Се анализира дали да се врати дневната евтина тарифа на струјата

by fokus

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) сама го носи тарифниот систем и сега се прават анализи дали е возможно од економска гледна точка да се врати евтината струја во текот на денот,  вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Во денешното гостување на ТВ 24, Бислимоски посочи дека таква евентуална промена би се случила на 1 јули кога вообичаено се прават промени на цените на енергетските услуги.

-Сега треба да видиме колкаво ќе биде домашното производство на струја, а според најавите на ЕСМ ќе биде зголемена за барем 10 отсто. Го анализираме и фактот што имаме голем број изградени фотоволтаици кои се главно изградени на големите компании. И третиот момент е што цената на електрична енергија кога произведуваат фотоволтаиците е поевтина отколку во останатиот дел од денот. Тој тренд во лето ќе продолжи па и тој елемент го анализираме, рече Бислимовски.

Како што дополнува, сега во периодот кога беше најскапа електричната енергија поради фотоволтаиците имаме најевтина струја. Оттука, нагласува, можно е ако покажат така пресметките да се врати дневната евтина струја.

Поврзани новости