Околу 250 жители се евакуирани од падините на Огнениот вулкан во Гватемала, кој се активираше вчера и почна да исфрла пепел и вжештени камења, пренесе агенцијата АП.
Пожарникарите соопштија дека жителите на селото Панимаче се однесени во засолниште. Националната агенција за вонредни ситуации соопшти дека вулканот исфрлал облаци од пепел кои би можеле да погодат и до 100.000 луѓе во општините кои се наоѓаат во близина. Огнениот вулкан, чиј врв е на 3.763 метри надморска височина, е еден од најактивните во Централна Америка.
Во ерупцијата на тој вулкан во 2018 година животот го изгубија 194 луѓе, а 234 исчезнаа. Најголемата закана од вулканот е лахар, мешавина од врел пепел, карпи, кал и лава, која може да ги затрупа градовите.
Агенцијата за вонредни ситуации додаде дека лавата течела низ четри од седум вулкански канали.