-Наместо принципиелно да ги застапува интересите на новинарската заеднца во прговорите претседателот на ЗНМ си дозволува да дава паушални политички квалификации што се непримерни за првиот човек на респектабилна организација како што е Здружението на новинари на Македонија. Потребно е новинарската заедница и јавноста да дознаат зошто претседателот на ЗНМ повеќе не инсистира новинарите, медиумите и еснафските здруженија да бидат дел од преговарачкиот порцес, се вели во соопштението на СДСМ.
Според СДСМ, на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, требало да му биде јасно дека преговорите за медиумите меѓу политичките партии се водат поради катастрофалната состојба во медимите и диктатот на власта врз голем дел од нив.
-Катастрофалната состојба во медимите и диктатот на власта врз голем дел од медиумите во Македонија е причина за преговарачкиот процес за регулација на работата на медиумите, со меѓународно посредништво. Во извештајoт „Репортери без граници“ за 2014 та гиодина, Македонија падна на своето најниско рангирање досега, на 123 место во светот. „Фридом хаус“ Македонија ја рангира како “делумно слободнa” земја со влошувачки резултат во последните години, објаснуваат од СДСМ.