СДСМ: Зошто Мицкоски молчи за средбите со Палевски, што крие?

by Fokus

„Со денови нема одговор на прашањето за средбите на Мицкоски со Палевски, кој е осомничен за двете убиства, што ја потресоа и згрозија македонската јавност. Зошто Мицкоски молчи за средбите, за тоа што се разговарало и договарало, што крие?“, прашуваат од владејачката СДСМ.

Оттаму велат „обидите за манипулација, поткопување на истрагата, изопачената потреба да го злоупотребуваат случајот со смртта на Вања и ширење паника кај граѓаните отвораат сериозни сомнежи за целите на ДПМНЕ и Мицкоски“.

„Особено што јавноста многу добро знае дека радикалните ставови на Палевски беа алатка на ДПМНЕ и нивните сателити. Палевски беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица. Како дел од Бојкотирам заедно со ДПМНЕ и Левица беа против членството во НАТО. Заедно беа дел и од насилните протести со гилотињи и мотолови коктели пред Собранието против францускиот предлог“ – се вели во партиското соопштение.

„Надлежните органи имаат обврска да ги истражат односите на Палевски со сите негови соработници вклучително и со Христијан Мицкоски“, велат од партијата.

Поврзани новости