Четврти ден молк во “Курир” на прашањата кој и на каков начин го финансира.Зошто молчи „Курир“ за приходите од 1,3 милиони евра? Што крие „Курир“?- прашува преку соопштение опозициската СДСМ.
-Професионалните и етички новинарски стандарди подразбираат транспарентна и објективна работа на медиумите. Дали молкот во Курир е поради поврзаноста на фирмата сопственик на “Курир” ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП?
НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто од проектот Вистината за Македонија се покажа дека зад неа лично стои братучедот на премиерот во заминување, Сашо Мијалков. НВСП покрај сопственик на радиото Слободна Македонија се јавува и како сопственик и на К Три телевизија ДООЕЛ Куманово.
Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ близок и до Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-мобиле и воедно кумашин на Сашо Мијалков. Истиот Стајковиќ фигурира и како директор во фирмата Мобико, каде што сопственик е Жарко Луковски.
Проектот Вистината за Македонија откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел. Стајковиќ од 2014 година е избран и за член на Надзорниот управен одбор на Државната видео-лотарија, се вели во соопштението.